Фото и рецепт: Ранкос
Потребни состојки:
50 мл вода
200 г шеќер
200 г млеко во прав
125 г маргарин/путер
100 г бело чоколадо
100 г кикирики (бланширани)
Постапка:
Ставете да да се варат водата и шеќерот, од зовривање уште три минути, па додадете го путерот. Кога речиси ќе се истопи, додадете го и чоколадото искршено на коцки. Тргнете од оган и мешајте додека сè да се растопи и соедини.
Во смесата додадете го млекото во прав и изматете со миксер. Потоа додадете ги исечканите кикирики, па убаво промешајте.
Добиената смеса ставете ја во калап за тоблероне или сами формирајте ја пирамидата со раце, ако немате калап. Можете да ја ставите и во било каков калап обложен со проѕирна фолија.
Оставете во фрижидер преку цела ноќ, па следниот ден сечете ја на парчиња.