Бајадера од кикирики, преубава, посна, лесна за правење и многу вкусна…Фото и рецепт: Драган Страшеноски
Рецептот за оваа прекрасна бајадера го објави нашиот драг пријател, почитуваниот Драган Страшеноски, во групата НМД рецепти.
Потребни состојки за основа:
750 грама посни бисквити,
500 грама несолени печени кикиритки,
450 грама шеќер,
300 милилитри вода,
2 ванилин шеќер,
250 грама маргарин кристал.
За глазура:
200 грама посна чоколада за готвење,
100 грама маргарин кристал,
2 супени лажици масло,
200 грама карамел гел (онаа за трилеќе)
Постапка:
Водата, шеќерот и ванилиниот шеќер да зовријат. Се додава маргаринот да се растопи и потоа се додаваат мелените бисквити и мелените кикирики.
Се меси добро и се расплескува во калап.
Глазура: Сите состојки на тивок оган да се стопат и да се соединат. Потоа се прелива бајадерата и се става на ладење. Откако ќе се олади, се конзумира со уживанција.
Фото и рецепт: Драган Страшеноски