Овој колач е превкусен, брзо се прави, не бара многу состојки а излегува навистина многу.
Потребни состојки за бисквит:
200 г брашно
2 лажици какао
100 г шеќер
2 јајца
100 мл масло
200 мл млеко
1 прашок за печиво
За фил:
1 литар млеко
5 лажици млеко
7 лажици гриз
200 г кокосово брашно
Постапка:
Прво сварете го филот. Млекото ставете го да зоврие, додадете го шеќерот и гризот па варете додека да згусне. Тргнете од оган па додадете го кокосот.
Потоа изматете ги јајцата со шеќер, додадете масло, брашно, прашок за печиво. Добро измешајте па половина од добиената смеса излејте ја во тепсија обложена со хартија за печење.