Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ

Потребни состојки за темна смеса:

100 г чоколадо за готвење
200 г мелени ореви
200 г шеќер
арома по вкус кој сака
1 белка изматена во снег

Постапка:

Чоколадото растопете го на пареа, додадете го и шеќерот и мешајте додека и тој да се растопи. Потоа изладете, додадете ги мелените ореви и снегот од една белка. Изедначете ја смесата и помеѓу два листа хартија развлечете кора 32х25 см или по желба.

Потребни состојки за жолт крем:

100 г путер омекнат на собна температура
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
2 варени жолчки, издробени, испасирани

Постапка:

Добро изматете го омекнатиот путер со шеќерот и ванилата. Потоа во смесата додадете две добро испасирани жолчки и мешајте додека да се изедначи.

Жолтиот крем рамномерно распоредете го врз чоколадниот слој, па свиткајте во ролат. Оставете во фрижидер да се стврдне и излади, па сечете на парчиња со дебелина од 1 см.

Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ