На Балканските простори одамна е популарно лекувањето со природна медицина, а некои луѓе повеќе и веруваат на народната отколку на официјалната медицина.
Еден од најпопуларните православни духовници, отец Тадеј, не припаѓал на оваа група луѓе, а долги години пател од реума и неподносливи болки во зглобовите. Покрај тоа имал и проблеми со крвните садови и крвниот притисок.
Одел на лекари, но за неговата состојба немало лек која целосно ќе го ослободела од болеста. Затоа, тој одлучил да побара помош во природната медицина. Тогаш, го пронашол судбоносниот рецепт кој го излекувал. Еве како тоа се случило (извадок од неговата книга):
“Имав една лекарка од Белград, сестра Борка, и според нејзините упатства со години одев на бања поради реума и гастритис. Не ми помогна бањата, само малку ми ги ублажи тегобите. Па потоа ми здодеа бањата.
Понекогаш одев двапати годишно. Си реков дека повеќе нема да одам, па што сака нека биде. Ама од пуста болест, десната рака двапати ми се вкочануваше. А докторот ми велеше: вежбај човеку, ќе ја изгубиш и другата рака!
Постојано имав болки. Кога ќе ја подигнев раката – болки, не можев ниту да се прекрстам. А имав една книга за билки, па си реков да ја погледнам, можеби ќе најдаш нешто корисно за мене.
Во книгата беше опишан еден лекар од Париз кој излекувал некоја жена која целата била ревматична и неподвижна. И давал да пие чај од листови од црна рибизла и целосно ја излкувал.
Му реков на братот на оди во расадник и да купи колку може садници. Тој нашол 20 садници и сите ги донесе.
Штом разлиста црната рибизла, веднаш почнав да берам листови и да пијам чај. РЕЦЕПТ (се пие вкупно 1 литар дневно):
Потребни состојки:
500 мл зовриена вода
10-20 листови
Постапка:
Во зовриена вода ставете ги листовите од црна рибизла, после 1-2 клуча тргнете и поклопете. После 15-20 минути процедете и пијте.
Овој чај се пие без шеќер. Едноставно само како топла вода. Јас ставам мало лажиче мед во уста и пијам половина литар чај. Така наутро и навечер и гледам дека ми е се подобро и подобро. Се полесно и полсено, нема болки, немам ништо.
И ете, веќе немам реума и гастритис, а немам ниту затнати артерии.
Внесуваме во организмот многу калории, а потоа организмот прима само колку што му е потребно, колку што може, а сè останато останува да се таложи. Потоа доаѓа до гастритис и затнати крвни садови. И тогаш страдате исто како и јас, бидејќи ја сакаме храната и се прејадуваме.
Кога не јадеме умерено, се прејадуваме. Ниеден лек не делува на ваквите заболувања како што тоа го прави чајот од црна рибизла. Витаминот Ц многу освежува и му дава потенцијал на срцето, но не и за реумата. Реумата ја лекува само чајот од лист од црна рибизла.”
Извадокот е од книгата Starac Tadej: O braku, rasuđivanju i pažnji”, Duhovni lug, 2018, обработка НМД.мк