Многу вкусна пита која се приготвува со готови кори, одлична за пост на вода.

Потребни состојки:

300 мл доматен сок
500 г печурки
1,5-2 главици кромид
1 страк праз
500 г готови кори
150 г обарени соини снегулки/трошки
сол, црн пипер, босилек или оригано
200 г растителен кашкавал рендан (не мора)

Постапка:

Празот и кромидот исечкајте ги ситно, а печурките на листови.

Во дното на тавата ставете доматен сос колку да се покрие дното, па додадете ги празот, кромидот и печурките.

Гответе на умерена температура. Печурките ќе пуштат течност и заедно ќе се зготви и омекне зеленчукот.

Потоа додадете ги соините трошки, промешајте и динстајте уште 5 минути. Зачинете со сол и црн пипер.

Кога течноста е целосно испарена и малку изладено, во смесата додадете 200 г рендан посен кашкавал, но може и без него.

Тавата од рерна обложете ја со хартија за печење.

Врз една кора наредете фил, па кората свиткајте го како триаголник или како ролат.

Ролатите редете ги во плехот и одозгора премачкајте ги со малку доматен сос.

Рерната загрејте на 200 степени, па намалете на 180 степени, а питата печете ја околу 20 минути.

Печената пита веднаш по вадењето од рерна премачкајте ја со доматен сос измешан со малку босилек. После 5-10 минути можете да ја послужете.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: