Сомот е една од највкусните руби кои некогаш сум ги пробала. Може да се похува на филети, но јас го сакам полнет и печен во рерна. Полнет е со целер, магдонос, лук, морков, па прелиен со лимонов сок.

Потребни состојки:

2-3 кг сом
3 гранчиња целер
1 главица лук
1 китка магдонос
1 лимон – сок
2 маркови на тркалца
сол, црн пипер, сув зачин

Постапка:

Сомот убаво измијте го со ладна вода и исушете го. Посолете го по вкус (треба добро да се посоли) и да се остави така неколку часа во фрижидер.

Направете неколку засеци на горната страна од сомот и истите наполнете ги со сув зачин (вегета) и малку сечкан лук.

Внатрешноста прво прелијте ја со лимонов сок и масло, па ставете сечкан лук, па сечкан магдонос, сечкан морков и целер, па прелијте со масло и лимон. Повторно наредете од состојките: лук, магдонос, морков и целер.

Затворете го сомот со помош на чепкалки за заби и прелијте ја површината на сомот со масло.

Сомот ставете го во намастен плех и покријте го со алуминиумска фолија. Ставете да се пече на 220 степени околу еден час, па тргнете ја фолијата и печете уште половина час додека да зарумени.