Ова всушност е еден од најефикасните домашни лекови за синуси.
Синусите се чест проблем кај луѓето а нивното лекување обично е долготрајно и проследено со бројни тегоби. Оние што страдаат од воспалени синуси постојано се во потрага по некакво решение за конечно да се ослободат од овој проблем.
Ако мислите дека сте пробале сè што сте можеле, и не сте го пронаше лекот, ви предлагаме еден домашен рецепт за кој не ви е потребно многу време ниту пари.
Потребни состојки:
½ чаша мед
½ чаша сок од лимон
5 до 7 ротквици
1 мала главица црвен кромид
6 чешниња лук
Постапка:
Добро измијте го зеленчукот па исечете го на четвртинки. Ставете сè во блендер и миксајте кратко додека да добиете изедначена смеса. Оваа смеса складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.
Употреба:
За возрасни: по 2 супени лажици дневно, една наутро една навечер.
За деца: се препорачува максимум 2 мали лажички, една наутро една навечер.
Првите резултати се забележуваат за само еден ден.