Понекогаш се случува да дојде до затнување на дебелото црево и неможност за негово целосно празнење. Екскрементот е непотполн и негови делови остануваат “закачени” за ѕидовите на цревото.

Ова се случува најчесто кога нашата исхрана е сиромашна со растителни влакна, кога не пиеме доволно вода или го одложуваме повикот за празнење бидејќи во тој момент немаме тоалет во близина.

Дебелото црево игра важна улога во нашето тело; го стимулира дигестивниот систем, го одржува балансот на водата во организмот и го регулира имунолошкиот систем.

Неговата главна функција е отстранување на токсичниот отпад надвор од телото, па така, во случај на нефункционалност на органот, овој отпад останува во телото што доведува до повеќе сериозни здравствени проблеми.

На храната вообичаено и се потребни 24 часа за да помине низ телото, а храната со ниска содржина на хранливи состојки, влакна и ензими може да се задржи и до 70 часа. Тоа резултира со големи отпадни депозити во цревото.
Опстипацијата е првиот знак за задржување на отпад во телото.

Симптомите на „затнато“ дебело црево/опстипација обично вклучуваат:

-Лоша здравствена состојба
-Слаб имунолошки систем
-Осип на кожата
-Инфекции на мочниот меур или вагинална инфекција
-Слаба меморија,
-промени во расположението,
-анксиозност,
-замор,
-депресија
-Болки во во мускулите и зглобовите

Понатаму, симптомите на нарушено варење вклучуваат болки во стомакот, гасови, дијареа, подуеност и / или запек.

Во 1940 година, Стенли Бароус, практикант на алтернативна медицина, се појавил со една програма за чистење на дебелото црево која трае 10-16 дена.

Потребни состојки:

300 мл филтрирана вода
1 прстофат чили/Cayenne пипер во прав
2 лажички органски јаворов сируп
½ свежо исцеден лимонов сок

Постапка:

Овој напиток многу лесно се приготвува. Едноставно измешајте ги сите состојки заедно и консумајте го напитокот 10-тина дена, 5-8 пати на ден. Во текот на овие денови потребно е да бидете на рестриктивна исхрана која ќе изобилува со растителни влакна. Консумирајте повеќе овошје и зеленчук. Дневно треба да испиете околу 2 литри од овој напиток. Одбегнувајте шеќер, месо, леб, било какви други пијалаци освен чај и кафе без шеќер.

Етеричните масла исто така се многу корисни за чистење на дебелото црево, бидејќи тие содржат хранливи материи кои лесно се апсорбираат.

Потребни состојки:

10 капки етерично масло од мента
1 свежо исцеден лимон, органски

Постапка:

Измешајте ги двете состојки и додадете 250 мл вода. Консумирајте го овој напиток во следните 14 дена.