Фото и рецепт: Снеже Дојчиноска
Овој рецепт за многу вкусниот домашен бурек со готови кори ни го претстави нашата драга Снеже Дојчиноска во групата НМД рецепти.
Потребни состојки:
1 кг готови кори (две пакувања од по 500 г)
700-800 г урда (помалку од 1 кг)
газирана вода во потреба (околу 300 мл)
малку масло (околу 100 мл)
сол по вкус
1 прашок за печиво
Постапка:
Тепсијата во која ќе се пече бурекот се намастува и се обложува со две кори.
Во урдата се става малку масло, еден прашок за печиво и сол по вкус, па се додава газирана вода и се меша убаво за да се добие течна урда.
Врз двете кори се нанесува од филот. Се кинат неколку кори, се редат гужвано врз филот, се потураат со нов ред фил, па се става цела кора. Постапката се повторува и се завршува со две цели кори.
Одозгора се наросува со масло за да бидат корите влажни. Веднаш се сече и се става на печење во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути или додека да добие убава златна боја. Ако веднаш фати златна кора одозгора, а сè уште не е пречен целосно, покријте го со парче хартија за печење.
Печениот бурек покријте го со крпа и најлон кеса за убаво да омекне.
Фото и рецепт: Снеже Дојчиноска