Оваа маска ја регенерира структурата на коренот од косата и го стопира опаѓањето, а за да ја направите потребна ви е само една намирница…
Проблемот со опаѓањето на косата и слаб корен не е ретка појава, а производите кои се пласираат на пазарот ретко кому му помогнале. Но, како и за сè останато и за овој проблем најдоброто решение го нуди – природата!
Руската лекарка Татјана Викторовна Коновалова открила рецепт за едноставна маска за јакнење на коренот на косата.
Оваа маска ја регенерира структурата на коренот од косата и го спречува опаѓањето, а за да ја направите потребна ви е само една намирница – морков!
Како одличен извор на витамините бета каротен/ витамин А, морковот дава не само добар вид, туку влијае и врз здравјето на коренот што е есенцијално за здрава коса.
Хранливите материи кои морковот ги содржи може да го подобрат здравјето на косата, ноктите и кожата. Покрај тоа, морковот помага и во детоксикација на целиот организам па и на темето – и создавање на нови клетки.
Приготвувањето е исто така многу едноставно: на ситно ренде изрендајте неколку свежи моркови, па ги во коренот од косата. За да се олесни миењето, нанесете го само сокот или морковот изблендирајте го доволно ситно за да стане како каша.
Оставете да делува минимум 15 минути, а потоа добро исперете ја косата на вообичаен начин.
На почетокот, секогаш маската нанесувајте пред миењето на косата, најмалку 5 пати по ред.
Кога косата ќе ви зајакне, доволно е да нанесувате рендан морков еднаш седмично, а првите резултати ќе ги забележите после само неколку третмани.