Досега се забележани случаи каде болните со редовна молитва и пост во куќите од манастирот близу Ражањ заминуваат здрави и излекувани.
Прелистувајќи ги историските книги и етнографските записи, може да забележиме дека приказните за чудесно остварување на желбите се застапени во сите култури и во сите периоди од минатото.
Во јужна Србија одамна постои верување дека манастирот на десната обала од Јужна Морава е чудотворен, а дека светецот кому е посветен овој манастир ги исполнува сите добронамерни молитви.
Манастирот Свети Роман е еден од најстарите српески манастири за кои е поврзано верувањето за остварување на сите желби. Пред српеските историчари и археолози се наоѓал предизвик и задача, покрај оскудните материјали како извор, да го утврдат времето на изградба на овој манастир и настаните кои се одвивале на ова место.
Манастирот се наоѓа во близина на Ражањ, а неговите почетоци и корењата се наоѓаат во далечниот средновековен период. Според раскажувањето на свештените лица, овој манастир датира од почетокот на 9 век.
Бидејќи не постојат многу пишани податоци за ова свето место, не се знае и не е познато кој го изградил, односно кој е главниот ктитор.
Досега се забележани разни случаи, кога болните доаѓаат и престојуваат во кучите близу манастирот и после молитвите и постот оттаму си заминуваат здрави и исцелени.
Сите кои ќе го посетат манастирот Свети Роман имаат можност да се поклонат пред моштите на овој светец и да му се обратат за небеска помош.