Home Рецепти Коцки со мак во комбинација со јаболка и лешници, превкусно!

Коцки со мак во комбинација со јаболка и лешници, превкусно!

Фото: Матија Врањешевиќ

Оваа комбинација брзо ќе ве освои и сигурно овој колач ќе го приготвувате повеќе пати.

Потребни состојки:

1 кг рендани јаболка
3 јајца
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
100 мл масло
150 мл млеко
1 лажица рум
150 г меко брашно
½ прашок за печиво
150 г мак (може и рогач)

за прелив:

сокот од исцедените јаболка на почетокот
250 мл купечки сок од јаболка (може и обична вода, но тогаш додадете 3 лажици шеќер)
1 пудинг од ванила
крупно сечени лечници за наросување – по желба

за глазура:

1 лажица масло
2 лажици вода
175 г путер (може да намалите и на 100 г)
1 лажица шеќер во прав
200 г чоколадо за готвење

Постапка:

Јаболката убаво измијте ги, излупете ги и изрендајте ги. Потоа процедете ги.

Во посебен сад ставете јајца, шеќер, ванилин шеќер и добро измиксајте. Можете и со миксер ако ви е полесно.

Потоа додадете ги исцедените јаболка, маслото, млекото, малку рум ако сакате, па просеаното брашно помешано со прашок за печиво. Добро промешајте па додадете мак или рогач.

<

Повторно промешајте за да се изедначи и смесата излејте ја во плех 35х25 кој претходно сте го намастиле и набрашниле, а вишокот брашно сте го истресле.

Откако ќе ја израмните смесата, ставете ја да се пече во загреана рерна на 175 степени околу 35-40 степени.

За тоа време исцедениот сок од јаболка помешајте го со една чаша бистар сок од јаболка (доколку немате во моментот сок од јаболка, може да ставите зашеќерена вода) и ставете на оган да зоврие. На страна, во 50 мл сок размешајте еден пудинг од ванила и сварете го во сокот со постојано мешање додека да згусне.

Добиениот крем прелијте го преку печената кора и добро изладете. Може одозгора да наросите лешници или некој друг јаткаст плод. Оставете го колачот да се лади 45 минути.

За глазура: Ставете вода, масло, путер, шеќер во прав и чоколадо за готвење да се растопат на тивок оган, добро промешајте и прелијте преку колачот. Оставете да се стегне и добро излади, а потоа исечете на коцки и послужете.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: