Home Здравје Домашен сируп против кашлица со кој се исфрла слузта од синусите и...

Домашен сируп против кашлица со кој се исфрла слузта од синусите и белите дробови

Овој сируп се приготвува со варен кромид во карамелизирана вода со лимон.

Потребни состојки:

150 г шеќер
1 лимон (истретиран со сода бикарбона или домашен, непрскан)
1 главица кромид
500 мл вода

Постапка:

1.Шеќерот растопете го како карамел во чисто и суво тенџерче. Почекајте целосно да се растопи и да ја промени бојата во карамел. Потоа додајте ја водата.

2.Почекајте неколку минути, а потоа мешајте додека целосно да се растопи шеќерот и водата да стане со боја на карамел.

3.Кромидот убаво измијте го и засечете го на четвринки. Вака засечениот кромид ставете го во карамелизираната вода, намалете го огнот на тивко и поклопете.

4.Вака поклопено оставете го кромидот половина час. За тоа време изрендајте ја кората од лимонот и исцедете го сокот. Потоа извадете го кромидот, додајте лимонов сок и кората. Оставете да излади.

Употреба: Вака приготвениот сируп се пие двапати дневно по 100 мл, пред оброк.

<

Откако ќе се испие целата доза направете уште една, до тогаш треба слузта веќе да започнете да ја исфрлате. По испиени две дози се прави пауза.

Напомена: пред примена на препарати од народната медицина секој треба да се советува со својот лекар.