Природен лек против кашлица и бронхитис…Содржи природни состојки и многу е ефикасен…Фото и рецепт: Сузана Грња.

Ова е рецепт кој беше награден од „Народен лекар”. Содржи природни состојки, добро познати кои веќе секој ги има во својата кујна.

НМД.мк

Се приготвува одвечер (потребни се 10 часа ферментација на лукот), па затоа штом почувствувате слабост и се сомневате на настинка, пригответе си го овој природен лек.

Успешно се изборува против сите патогени микрооорганизми кои го напаѓаат организмот. Освен тоа, ја смирува кашлицата и инфекциите во грлото и белите дробови. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

50 г лук
100 мл вода
1 лажичка мед
1 лажица јаболкова киселина

Постапка:

Лукот ислупете го и ситно исечкајте го. Колку поситно толку подобро. Потоа прелијте го со 100 мл вода, поклопете го и оставете го вака да ферментира десет часа.

После тоа процедете ја течноста, па додајте мед и оцет и добро промешајте.

Употреба: се консумира по мала лажичка трипати дневно пред јадење, сè додека имате тегоби. Се чува во фрижидер.

Фото и рецепт: Сузана Грња