Ловоровиот лист е билка која има голема лековита моќ и освен како зачин може да послужи за приготвување и на бројни лековити препарати. Најмногу содржи Витамини А и Ц, а од минерали содржи железо, калциум и магнезиум.
Смирува инфекции и помага во работата на органите за варење. Особено поволно делува во смирувањето на воспалената слузокожа и затоа се користи како лек за кашлици.
Потребни состојки:
250 мл вода
6 листови ловоров лист
6 лажици шеќер (или мед)
1 лимон
Постапка:
Во едно тенџере сварете ја водата, додадете ловоров лист, па намалете ја температурата на умерено и оставете да се вари 8 минути.
Потоа извадете ги листовите, а во течноста додадете шеќер или мед и сок од еден исцеден лимон.
Промешајте добро и почекајте шеќерот/медот да се растопи. Сирупот складирајте го соодвете сад и чувајте го во фрижидер.
Употреба: Се консумира по една лажица, повеќепати дневно, во текот на неколку дена, додека да се смири кашлицата.
Рок на траење: до седум дена чувано во фрижидер.
Испробано и делотворно.
Коментар на Violeta Zgonjanin:
“Супер делува,испробан🤗”
Коментар на Stojanka Petrevska:
“Jas piev 7 dena antibiotik I od sirupov isto 7 dena navistina e mnogu erikasen
Cesto koga kaslam go pijam”
Коментар на Драгица Драџе:
“Isprobano – tocno deka smiruva”
Коментар на Ружица Темелкова:
“Go praktikuvam so godini I uspesno e.”
Коментар на Јадранка Заовска:
“Odlicen post …. Jas imam vo dvorot 2 golemi lovorovi listove , koj saka mozam da mu poklonam, ama jas, moite domasni I moite prijateli go pieme sirupot od tegavec I sirupot od bozel NEZAMENLiVI… Br 1….pozz”