„Мојот пријател имаше 12 холестерол, двојно од нормалните вредности…Ова му помогна…“.Фото и рецепт: Верица Николиќ
„Овој рецепт ми го даде пријател кој имаше холестерол и преку 12 единици, двојно повеќе од максимално дозволената граница…После испиениот лек холестеролот му се вратил на нормални вредности.“ Еве што ви е потребно според рецептот на Верица:
Потребни состојки:
600 г лимон
60 г домашен лук
2 литри вода
и уште:
10 г сода бикарбона
вода
Постапка:
Лимонот потопете го во вода во која сте раствориле сода бикарбона. Оставете го да отстои најмалку 5-6 часа. Потоа лимонот извадете го од растворот и добро измијте го под млаз ладна вода.
Потоа исечете го на четвртини, заедно со кората, па ставете го во подлабок сад. Лукот не го лупете, секое чешне притиснете го со виљушка за да пукне, па додадете го кај исечениот лимон.
Прелијте ги со 2 литри ладна вода и ставете поклопено на оган да зоврие.
Штом зоврие, тргнете од оган и оставете го така поклопено да се олади, 12 часа на собна температура. Потоа процедете низ цедалка како чај и складирајте го во стаклени шишиња кои треба да се чуваат во фрижидер.
Секое утро се пие по 100 мл, пред појадок, на гладно. Не се пие одеднаш, туку во неколку голтки.
Кога ќе се испие направената количина, се прави пауза од 7 дена, па се повторува со уште една доза. Повторно се прави пауза и се повторува по третпат. Значи вкупно три пати со паузи од по седум дена помеѓу.
После овој третман холестеролот сигурно се доведува во нормални граници. Мене овој рецепт ми го даде пријател кој имаше преку 12 единици, двојно од нормалното, а после испиениот лек му се вратил во нормални граници.
КАКО ДА СЕ ОДРЖУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ ВО НОРМАЛНИ ГРАНИЦИ?
Одржувањето на здравјето бара постојана грижа и следење на балансот во организмот. За тоа добро е да не се пропуштаат сезонските превентивни прегледи кај матичниот лекар, како и да се прават почести крвни и срцеви испитувања.
Испитајте го холестеролот навреме!
Холестеролот е нормален составен дел на сите клеточни мембрани во човечкиот организам. Тој е неопходен за синтеза на машките и женските полови хормони, на хормоните на надбубрежната жлезда, на витамин D и на други материи.
Холестеролот не е штетен елемент во составот на човечкото тело, но постојат граници каде има ризик од посериозни здравствени проблеми.
Сигурен начин за одржување нормално ниво на холестерол е редовното негово испитување. Специјалистите препорачуваат освен вкупниот, да се следат уште лош (LDL) и добар (HDL) холестерол, како и триглицеридите.
Познато е дека 20 години е возраста на која треба да се направи првото испитување за одредување на вредностите на холестеролот.
Откриен навреме, зголемениот холестерол може да се регулира, да не доведе до сериозни здравствени проблеми подоцна.
Кога холестеролот е нормален?
Нормалната содржина на општиот холестерол во човечката крв е околу 3, 36-7, 76 mmol/L (околу 1, 3-3, 0 g/l). Здрав возрасен човек има околу 5 литри и општо 6, 5-15, 0 грама холестерол во неа.
Во целото тело човек има околу 250 г холестерол.
Нормалните вредности на општиот холестерол се 5,2 а границата е 6,5; кај лошиот холестерол прифатливите вредности се од 4,0 до 5,0; за добриот од 1,0 до 0,9.
Секоja вредност надвор од овие граници, се смета за болна состојба и е препорачливо да се преземат мерки.
Кај веќе утврден холестерол
Во овие случаи треба да се направи консултација со кардиолог. Добро е да се преземат мерки, така што ќе се започне со примање на природни производи со омега-3 масни киселини.
Треба да се определи ризикот од појавата на атеросклероза или натрупување на атеросклеротични плаки. Кај симнувањето на холестерол се важни неколку фактори-возраст, општа здравствена состојба, хранливи навики, наследна оптовареност и др.
НАПОМЕНА: Горенаведениот текст е информативен и произлегува од лично ислуство. Пред употреба на препарати од народната медицина секој треба да се советува со својот лекар.