Ова јадење ми е омилено, не само затоа што е вкусно, туку затоа што ме враќа назад во убавите спомени. Ова е мојот рецепт.
Потребни состојки: 50 г путер, 900 г компир на коцки, 1 главица кромид кромид (110 г), 100 г морков исечен на поголеми парчиња, 170 г ситно сечкан домат, 80 г ориз, сув зачин (вегета), црвен пипер, 1,300 мл врела вода, 1 голема лажица магдонос
Постапка: Путерот ставете го да се растопи во длабоко тенџере. Додадете сечкан кромид, морков и домат, па пропржете го зеленчукот неколку минути. Компирите измијте ги, излупете ги и исечете ги на коцки. Во пржениот зеленчук додадете ги сечените компири и убаво заедно промешајте добро да се заржи. Зачинете со сув зачин и мелен црн пипер.
Додека се готви компирот, додавајте постепено по малку врела вода, но не ја истурајте целата количина одеднаш. Потоа намалете го огнот на умерена температура, додадете го оризот, долејте го остатокот од водата и гответе додека убаво сè да омекне.
Пред крај додадете 1 голема лажица магдонос, сув. Чорбата излегува малку густа, не премногу, но кој не ја сака оваа густина може да додаде уште вода, уште околу 200 мл, или пак течна неутрална павлака.
Коментар на Васка Трајчева: “Клин чорба се прави со праз, да проврие па се додава ориз и зачини, па на крај се додава тенка запршка со путер или масло и црвен пипер, а оваа се вика манџа со компир и ориз, барем ние така знаеме од нашите родители.”