Киселкасто – слаткиот напиток кој ги топи килограмите го освои целиот свет. Се приготвува од намирници кои се лесно достапни и во зависност од сезоната, ќе ве чини некаде околу 100 денари.
Според истражувањето кое било спроведена во Кореа се утврдило дека овој освежителен сок ефикасно го топи салото на стомакот. Дебели луѓе го пиеле овој сок двапати дневно во текот на еден месец и ослабеле доста, а обемот на стомакот го намалиле за 5-10 см.
Сокот се приготвува од калинки и јаболкова киселина.
РЕЦЕПТ
Исцедете сок од калинки на преса, соковник или истискајте го рачно во газа. Потребно е да добиете околу 100 мл сок.
Во сокот од калинки ставете една супена лажица јаболкова киселина, најдобро е да биде домашна.
Потоа додадете 250-300 мл обична или газирана вода. Иако сокот е киселкаст, не смеете да ставате шеќер или мед во него за да му го подобрите вкусот. Единствено дозволена е стевија (природен шеќер од билка, без калории).
Уште многу одамна е познато дека оцетната киселина во јаболковата киселина го активира црниот дроб за забрзување на разградувањето на мастите.
Па така, во истражувањето ја тестирале јаболковата киселина во комбинација со сокови од седум различни овошја (вишна, боровинки, женшен…) и на тој начин било утрдено дека во комбинацијата со калинка е најефикасна.
Експертите велат дека четири различни соединенија во калинката, вклучително уште две нови кои порано не биле идентификувани – се одговорни за овој забрзувачки ефект на јаболковата киселина.
ЗОШТО ДЕЛУВА ЕФИКАСНО?
Јаболковата киселина не само што го намалува таложењето на мастите на стомакот, туку и успешно го топи.
Корејците дошле до заклучок дека оваа комбинација драстично ги топи мастите отколку кога состојките се консумираат поединечно.
Оваа комбинација го активира ензимот АМР киназа, кој го контролира претворањето на храната во енергија.
Активацијата на овој ензим делува како тригер за отпочнување на согорувањето на мастите во пределот на стомакот и претворање на енергија.
Со консумирање на овој напиток се намалува нивото на шеќерот во крвта за дури 54%. А добро регулираниот шеќер во крвта значи дека нашето тело лачи помалку инсулин – хормонот кој вишокот калории ги претвора во масти на стомакот.
А каква улога има калинката? Исто така го регулира шеќерот во крвта. Кога тој е избалансиран, се намалува чувството на глад и потребата за храна.