Најдолу под текстот се коментарите на нашите читатели кои споделија свои корисни совети.

Иако рамните плочи многу полесно се чистат од класничните шпорети со рингли, тоа не значи дека не треба да се чистат подеднакво редовно. Еве како правилно ќе ја исчистите.

Првото и основно правило при чистењето на вакви површини, е да не им се дозволи можност на масните дамки да се натрупаат една врз друга и да закорават.

Ако нешто ви се истури или површината се испрскала, брзо пребришете ја со крпа или влажен сунѓер.

Дури и кога површината изгледа како да е чиста, невидливите слоеви со текот на времето би можеле да се насоберат и изгорат, со што се закоравуваат и потоа се многу потешки за чистење.

Користете спреј за отстранување на мастите или специјално средство за чистење на стаклени површини од шпорети. Овие средства не оставаат нејасни линии на површината како што тоа е случај со повеќенаменските средства за чистење на стакло со амонијак.

Имијте го и исполирајте го стаклото со сува и мека крпа или хартиена салветка.

А како да се исчисти валкана стаклена плоча?

Чистете ја со помош на крем или паста, бидејќи благите абразиви во тие формули ќе помогнат за одлепување на тврдокорните остатоци.

Нанесете крем или паста со неабразивна крпа со кружни движења.

Темелно исперете ја површината и исушете ја. Важно е да ги елиминирате сите остатоци од производот, бидејќи тие можат да се запечат и да направат проблем.

Наросете малку сода бикарбона или не-абразивно средство за чистење и протријте ја површината со влажна крпа за да отстраните заглавени остатоци и избришете ги.

Како да се исчистат тврдокорните, изгорени дамки од стаклената плоча за готвење?

Ако вашата плоча е прекриена со валкана смеса, време е да ги извадите надвор вашите најдобри алатки.

Ставете врел и влажен пешкир врз плочата за да ги омекнете остатоците.

Користете некој стругач или жилет кој сте го добиле во комплетот за чистење на плочата – и држејќи го под агол од 45 степени, внимателно истругајте ги загорените парчиња. Не грижете се, стаклото на шпоретите е цврсто.

Избришете, добро исперете и исушете ја плочата.

Какви се вашите искуства со одржување на чистотата на шпоретот со рамна плоча,па доколку имате некој корисен совет – споделете го во коментари!

КОМЕНТАРИ

Коментар на Јасминка Чавкова:

“Многу е комплицирано.

Само некое средство, најдобро од тоа за рамна плоча и жица виледа или некоја друга ид меките како клопче што се и дирекно чистење на плотната.

Не се секирајте никако нема да ја изгребите со таа жица плотната. Јас со години така ја чистам. Колку сака нека биде загорено одма ќе се исчисти. Може малце и течноста да постои напрскана некое кратко време доколку е многу замастена.

Потоа избришете со хартија за раце и ќе свети како нова”

Коментар на Елена Георгиевска:

“Jasminka Cavkova isto i jas samo so vitro clean za ramni ploci i zica villeda inox ne grebi a odlicno cisti.”

Коментар на Лидија Влахова:

“Mene mi otvara .Sovet? So soda i mokra krpa da omeknat i greblo mi dadoa vo specijalno zastaklo.Pa 700 evra sporet i da ne mi dadat tesko niv”

Коментар на Вики Даскаловска:

“Еко Формула: Хидроген пероксид 3%, малку детергент за садови, алкохолен оцет, сето тоа се прска по плочата, се размачкува. Нека отседи 10тина минути, па потоа убаво избришете и уживајте во сјајот на плочата.”

Коментар на Менка Секуловска:

“Rernata i plocata gi cistam so soda bikarbona i 3% hidrogen. Se posoluva sodata, se poprskuva so hidrogenot, so sunger gi raznesuvam na sekade, stoi 30 min i poveke i necistotijata lesno se cisti.”

Коментар на Билјана Глигорова:

”Vim na sungerce i pominuvas nezno nezno na ladna ploca odma se izleguva bez maka jas taka go cistam nikakva damka ne ostanuva kako novo e a eve 5 godini go imam”