Home Рецепти Посни пекарски кифли, без јајца, без млеко, а сепак најдобри, меки како...

Посни пекарски кифли, без јајца, без млеко, а сепак најдобри, меки како душа!

Проверено добри кифли, нема да погрешите ако ги направите. Се замесуваат со нешто повеќе од еден килограм брашно, со газирана вода и масло. Како за првпат направете ја оваа доза, а следниот пат сигурно ќе сакате да ги направите во двојна доза.

Потребни состојки:

1200 г брашно, 600 мл газирана вода, 100 мл млака вода, 200 мл масло, 1 ½ лажица сув квасец, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 3 лажици масло, крупна сол за наросување одозгора, 100 г посен маргарин за премачкување на коричките.

Постапка:

Во 100 мл млака вода измешајте го квасецот со лажица шеќер и лажица брашно, па смесата без грутчиња оставете ја на топло место, 10-тина минути, додека да запени и да се активира.

Брашното измешајте го со сол, па додајте го активираниот квасец, газираната вода која малку сте ја загреале да биде млака и маслото, па замесете мазно тесто. Премачкајте го со малку масло и оставете го да ферментира додека да се удвои.

Потоа кинете топчиња со големина на праска, развлечете ги во четириаголна кора, засечете со нож како на сликата, и премачкајте малку со маргарин, па потоа свиткајте ја кората во кифла.

Вака приготвените кифли редете ги во намастен плех, премачкајте ги одозгора со масло и посипете ги со крупна сол, па оставете ги да одморат додека да се удвојат во волумен.

<

Потоа печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени додека да заруменат.

Готовите кифли веднаш премачкајте ги со малку масло за да добијат убав сјај и оставете ги малку да подизладат, па послужете ги. Вкусни се кога се топли и кога се ладни.

Од истото тесто можете да правите и пекарски леб, мали топчиња-лепчиња, само премачкајте го со масло, наросете ги со сол, оставете да ферментираат, па печете ги додека да заруменат…

сoolinarika.сom