Секој може да биде мета, а нападот ќе го препознаете многу лесно.

“После 7 години работа во една од најголемите психијатриски болници на светот, 18 години работа во психолошкото затворско одделение, две години во најголемиот Центар за ментално здравје и повеќе од 11 години во Итната помош, нема што не сум видел.

Лично се уверив дека постојат демони. Ги видов, разговарав со нив и можам да ви кажам дека се многу страшни” – ја започнува својата исповед еден угледен психијатар кој сакаше да остане анонимен поради своите пациенти и нивните семејства.

“Гласовите кои ги слушаат шизофреничарите не се халуцинации како што психијатрите тврдат. Мојата професија инсистира дека на овие халуцинации не треба да им се обраќа внимание, бидејќи на тој начин состојбата се влошува. Сепак, открив дека гласовите кои шизофреничарите ги слушаат имаат сосем јасен, прецизен, предвидлив и многу деструктивен шаблон, што многу се разликува од обичните халуцинации.

Во моментот кога “халуцинацииите (демоните) стануваат свесни дека на пациентите им давам совети кои ќе ги ослабат, јас станувам закана, но и мета.

Еднаш еден од моите пациенти ми призна дека “гласот” го предупредил да стои подалеку од мене и тоа неколку минути пред воопшто да влезам во салата.

Ентитетите не сакаат да бидат откриени, туку уживаат во ерата на науката кога демоните се само фикција и бајки за необразуваните. И да се разбереме, јас овде не говорам за религија, туку ви говорам да разберете дека духовите постојат и дека оние злите навистина се плашат од љубовта, но и од одредени фрази од Библијата.

Она што најмногу ги вознемирува и на што најмногу реагираат е сфаќањето дека опседната личност станала свесна за нивното постоење. Тие ја цицаат и ја крадат вашата животна енергија.

Првиот чекор е: претворање на вашите мисли во негативни, бидејќи тоа е основата да “започнат живот во вас”. Тие не сакаат да имате семејство, пријатели, ниту да дознаете како да се спасите од нив. Тие сакаат да бидете изолирани и сами. Не поднесуваат кога одете во црква, кога ја читате Библијата, па настојуваат да ве убедат дека овие активности се досадни и бесмислени.

Ова го прават многу суптилно – посадуваат идеи во главата и се обидуваат да ве убедат да верувате во нив и да почнете да ги следите, макар и на сопствена штета.

Првиот чекор кон ослободувањето од демот е да се стане свесен за неговото постоење и елиминација на нивното негативно влијание врз вашиот живот.

Ако малку размислите и се вратите назад, сигурно ќе сфатите дека многупати досега сте биле негативни без причина, дека тогаш ништо не сте можеле да завршите никаква работа, дека одеднаш сте снемале сила… Никој никогаш не се запрашал што се случило со резерната енергија?Многумина шизофреничари пријавуваат дека буквално чувствуваат како енергијата ги напушта во моментот кога гласовите почнуваат да им говорат.

КОГО ГО НАПАЃААТ ДЕМОНИТЕ И ЗОШТО?

Го напаѓаате секого кој несвесно тоа ќе им го дозволи. Тие знаат како да влезат во луѓето на најразлични начини – од шеговито повикување на духови, па до вистински обиди за изведување на сатанистички ритуали и читање книги кои се занимаваат со оваа тематика.

Жртвите на физичко, емотивно и сексуално злоставување се примарни мети, бидејќи тие веќе се чувствуваат лошо. Екстремните случаи на напад најчесто се означуваат како параноидна шизофренија, но жртва може да биде било кој.

Она што треба да знаете е дека ако сте нападнати, не значи и дека сте ментално болни. Тука не постои дисфункција на мозокот. Да се каже спротивното би било исто како да се каже дека жртвите од грабеж или силување се ментално болни. Тие биле нападнати, а сега сте и вие, на поинаков начин.

КАКО ЈА СМУКААТ ЧОВЕКОВАТА ЕНЕРГИЈА?

Негативната енергија која се произведува од негативните емоции е нивната храна. Тоа е причината зошто филмовите со вампири и други страшни суштества не преплашуваат и стресуваат. Овие ентитети навистина се енергетски вампири.

КАКО ТИЕ ФУНКЦИОНИРААТ?

Се обидуваат да ве натераат да произведувате негативни емоции со кои тие ќе се хранат а вие ќе имате чувство на вина и вознемирувачки мисли. Манипулирајќи со вас произведувајќи гласови и страшни чувства. Инстиктивно чувстувате дека мислата е погрешна, дека не еваша и дека не припаѓа на вашиот ум.

ДАЛИ ЛУЃЕТО СЕ БЕСПОМОШНИ ПРОТИВ ОВА?

Не. Воопшто не се беспомошни, но мора да станете свесни дека демоните навистина постојат и да сфатите со какви методи се служат.

Ако во животот постојано ви оди лошо, голема е веројатноста дека сте нивна жртва. Најголемата тајна која демоните сакаат да ја сочуваат од вас е дека тие имаат моќ целосно да го запоседнат вашиот ум, дека се енергетски паразити и дека се хранат со вашата енергија.

Треба да станете свесни за нивното постоење, да не ги прифаќате нивните идеи и мисли, да не наседнувате на нивните игри. Ова не е физичка војна, туку спиритуални игри и тоа многу сериозни.

Овие зли паразити имаат целосен пристап до вашата меморија и можат да извлечат било каква емоција од детството и да предизвикаат најнегативни емоции, да се обвинувате себеси за грешки од минатото на кои речиси сте заборавиле. Во состојбата во која ќе западнете, стручно се нарекува депресија.

Психијатријата се држи до начелото дека станува збор за халуцинации која настануваат поради дисбаланс на хемиски реакции во мозокот, но за ова не постои ниеден научен доказ. Мене како психијатар, ме загрижува фактот што мојата професија го занемарува едно од најважните прашања: Од каде доаѓаат мислите?

Ова прашање го поставив на еден од најпрестижните семинари во психологијата и психијатријата пред сите. Одговорот на тоа прашање беше всушност и причината зошто се пијавив да учествувам на овој семинар.

Главниот професор ме погледна како тукушто да сум паднал од летачка чинија. Молчеше неколку мигови а потоа ми рече: Ќе разговарам со вас после предавањето. Го напушти предавањето и никогаш не ми закажа средба” . раскажува психијатарот