Фото и рецепт: Горан Палифров

Потребни состојки:

700 г свинско месо исечкано
700 г печурки
3 големи главици кромид
200 г млечен кашкавал
250 г изматена павлака или течна
сол, зачини, чили, оригано, сув зачин (вегета)
1 голема лажица сенф
маслиново масло и вода по потреба

Постапка:

Месото се пропржува со маслиново масло, па кога ќе се вцрви малку и ќе фати коричка се долева малку вода. Се динста на тивок оган околу 45 минути, додека да испари водата и месото да омекне. Готовото месо се остава на страна.

Кромидот се сече покрупно и се пропржува. Кога ќе застакли му се додава месото.

Печурките се пржат во маслиново масло и им се додава лажица сенф и зачини по вкус. Дел од овие печурки се блендираат за да се добие погуст сос. Месото заедно со кромидот, печурките и блендираните печурки се враќаат во тенџерето да крчкаат заедно на тивок оган, околу половина час или во зависност од шпоретот.

На крај целата смеса се распоредува во три помали грниња, се става павлака, кашкавал, повторно павлака и се зачинува со малку оригано.

Се става во рерна да се запече под грил, околу 15 минути или колку да се растопи кашкавалот и да фати кора.

Селско месо (Фото и рецепт: Горан Палифров)

Селско месо (Фото и рецепт: Горан Палифров)