Лекувањето на хроничната кашлица и бронхитисот отсекогаш било проблематично, па дури и за традиционалната медицина.
Но, постои еден домашен лек кој ги содржи едни од најмоќните состојки кои го смируваат грлото и белите дробови, а може да излекува и кашлица и бронхитис во најкраток рок.
Благодарение на карактеристиките на медот и бананата кои се главни состојки на овој рецепт, препаратот можат да го консумираат не само возрасни, туку и деца. Истовремено ќе го пиете лекот и ќе уживате во неговиот вкус.
Со помош на ова средство ќе се ослободите од болките во грлото, силната кашлица, дури и проблемите со желудникот.
Потребни состојки:
400 мл зовриена вода
2 зрели банани
2 лажици мед
постапка:
бананата изгмечете ја во пире, ставете ја во тенџере и додадете зовриена вода. Промешајте и оставете ја смесата да отстои 30 минути. Кога смесата ќе излади додадете мед.
Важно е медот да се додаде на крај, за да не ги изгуби своите лековити својства.
ДОЗА:
Консумирајте по 100 мл од ова средство 4 пати дневно (вкупно 400 мл дневно).
Количината во рецептот е доволна за еден ден, па следниот ден потребно е да приготвите свежа доза. Олеснување ќе почувствувате веќе за рок од три дена.