Фото и рецепт: Лилјана Суботиќ
Потребни состојки:
7 жолчки
7 лажици шеќер
7 лажици брашно
4 лажици врела вода
За фил:
3 пудинг од ванила
1 литар вода
300 г шеќер
7 белки
2 шлаг крем од јагода
Постапка:
Жолчките пенасто изматете ги со шеќерот, па додадете 4 лажици врела вода и матете уште малку.
Потоа со лажица додадете го брашното, полека измешајте и веднаш смесата распоредете ја врз плех обложен со хартија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 20 минути.
За фил: сварете три пудинзи од ванила во еден литар вода со 300 г шеќер. Додека е врел пудингот промешајте го со цврсто изматен снег од белки (во белките не се става шеќер).
Нанесете врз печената и изладена кора, а одозгора филувајте со два шлаг креми до јагода.
Доста едноставно а многу фино.
Фото и рецепт: Лилјана Суботиќ