Еуро колач со крем кој навистина е нешто посебно

Пробајте и уверете се сами, ќе се вљубите уште на првиот залак.

Потребни состојки:

100 г сечкан пржен лешник
7 белки
150 г шеќер
100 мл масло
7 лажици брашно
1 прашок за печиво

за крем:

7 жолчки
700 мл млеко
7 лажици шеќер
2 пудинг од ванила
250 г путер или маргарин

за глазура:

200 г чоколадо
100 г путер или маргарин
малку масло
1 мала тегла нутела
200 г бисквити

Постапка:

На плех за печење 30х40 ставете хартија за печење, па врз него рамномерно распоредете ги лешниците. Изматете цврст снег од белките, па додадете го шеќерот и продолжете со матење додека да се растопи и се добие уште поцврст снег.

Потоа додадете масло, а на крај со лажица додадете брашно помешано со прашок за печиво и внимателно промешајте да остане смесата пенлива. Веднаш распоредете ја врз лешниците и израмнете, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 15 минути.

Печената кора свртете ја за лешниците да бидат горе, па премачкајте ја со нутела. Бисквитите натопете ги во топло млеко многу кратко, па нарете ги врз нутелата да се залепат.

Сварете го пудингот, оставете да го излади, па соединете го со претходно пенасто изматениот путер, па и овој крем нансете го одозгора. Кој сака може да додаде и шлаг.

Напомена: Во кремот додадов 100 г путер и 200 мл слатка павлака изматена како шлаг. За мене ова е совршена комбинација, особено кога овој колач не мора да седи повеќе денови зошто се јаде веднаш. Лично повеќе ми се допаѓа чоколадна глазура одозгора, но кој сака може да стави шлаг. Овојпат го сварив кремот според рецептот и во готовиот крем додадов 250 г чоколадо со 50% какао, околу 100 г путер и на крај 350 мл слатка павлака. Кремот излезе нешто навистина посебно!

Loading...