Јазикот е најсилниот мускул во човековото тело, кој ја подготвува храната за џвакање и претставува примарен орган за вкус. Тој воедно е нашиот медицински картон според кинеската медицина, бидејќи на јазикот е испишана состојбата на нашиот организам.

 

1.Нормален јазик, розеникав, без траги од заби или дисколорација, со јасна облога која покажува правилна секреција на плувачката.

2.Тенок бел површински слој, видливи траги од заби и неколку црвени точки- ваквиот изглед на јазикот упатува на недостиг од витална енергија во телото која предизвикува умор, лош апетит и претерано потење. Се манифестира и врз расположението, па таквите лица се најчесто загрижени и нервозни.

3.Тенок жолтеникав слој на средината опколен со црвен остаток од јазикот- ваквиот изглед упатува на проблеми со опстипација, дехидрација и кожни болести. Тоа се манифестира врз расположението, па лицата со таков јазик обично имаат променливо расположение.

4.Масен, бел слој, отечени рабови на јазикот- овој излед упатува на лоша работа на дигестивниот систем и склоност за собирање вода во организмот. Лицата со ваков јазик се чуватвуваат исцрпено и безволно.

5.Црни точки на виолетова површина– упатуваат на застој во крвта во делови на телото кои можат да предизвикаат проблеми со вените, „тешки“ нозе, главоболка, болка во градите и кожа без сјај.

6.Тенок бел слој и црвен врв на јазикот– оваа состојба открива дека организмот е изложен на силен стрес кој предизвикува нестабилна емоционална состојба. Енергијата во телото се собира во чворови кои предизвикуваат воспалителни процеси.

7.Црвениот јазик со жолти дебели наслаги по средината- е показател за повишена телесна температура која пак укажува на можни инфекции на уринарниот тракт, проблем со кожата чија површина е леплива. Лицата со вакви проблеми често се лутат и не се чувствуваат удобно во сопственото тело.

8.Густ бел слој на средината од отечениот јазик- изглед кој упатува на инфекција или на воспаление поврзано со некоја автоимуна болест, недостиг од витамини и минерали. Таквата состојба предизвикува блед тен, болка во ’рбетот и чувство кое често се граничи со паника.

9.Пукнатини на црвена површина– упатува на габични инфекции во телото кои се проследени со ноќно потење, несоница, иритација.

10.Јазикот чија површина е бледа и без наслаги укажува на намален проток на крвта во телото, анемија која може да предизвика вртоглавици, умор, а лицата во ваква состојба патат и од недостиг на концентрација и меморија. Покрај тоа, кај жените со ваков јазик, може да упатува на хормонална нерамнотежа.