Су Олдс (52) од Корнвал, Англија, дава крв на секои 16 седмици. До сега, тоа го направила 46 пати. Причина за тоа е дека единствено таа во целата држава ја има крвната група D-.
Само 110 луѓе во целиот свет ја имаат оваа крвна група, од кои 88 од нив живеат во Јапонија. Инаку D-крвната група е варијанта на таканаречениот Rh фактор.
Rh факторот го добил името по Резус мајмунот, кај кого првпат бил откриен. Луѓето со Rh+ го создаваат овој протеин, додека оние со Rh-го немаат.
Rh факторот е наследен, а токму поради него О групата е најуниверзалниот дарител бидејќи не содржи резус протеин, како ни еден од двата аглутиногени, додека АВ+ крвата група е најуниверзалниот примател бидејќи ги содржи сите три протеини.
Така Су Олдс спасила 10-тина луѓе во Англија, вклучително и луѓе заболени од канцер, жртви од повреди и предвремено родени бебиња.
Су вели дека планира редовно да продолжи со донирање на крв, до крајот на својот живот, а пресметките велат дека доколку го одржи своето ветување, ќе спаси сигурно повеќе од 100 животи.
Инаку, Су за првпат во животот дала крв во 1994 година, но дури цела деценија подоцна било откриено колку е ретка нејзината крвна група.
“Дури во 2004 година ме повикаа и ми кажаа дека сум носител на исклучително ретка крвна група, но ни тогаш не добив нешто повеќе информации. Дури оваа година од Министерството за здравство ме известија за сите бројки и податоци, па бев вон себе од изненадување”, вели таа, додавајќу дека чувството е неверојатно сознанието дека токму нејзината крв била пресудна помеѓу животот и смртта на некој човек.
“Животот е драгоцен, подеднакво ми е драго кога знам дека сум спасила некое бебе или пензионер. Затоа, штом завршам со донирањето на крвта, го закажувам следното”, вели таа за медиумите.
Инаку, таа ја донира својата крв на секои 4 месеци, а медиумското внимание кое го доби го искористи за да ги повика сите луѓе да донираат крв, без разлика на крвната група која ја носат.
Публикувахте от Sue Olds в Неделя, 8 февруари 2015 г.