Ако сакате нешто посебно вкусно и мирисно… Потребни состојки: 300 мл млеко, 50 мл масло, 20 г квасец, околу 500 г брашно, малку шеќер, малку сол, кора од лимон, 1 пудинг од ванила, 300 мл млеко за пудингот и овошје од компот
Постапка: Растворете го млекото во малку вода и додадете 1 лажичка шеќер. Додадете јајце, масло, кора од лимон, млеко, брашно, сол и замесете помеко тесто.
Покријте го да се одмори околу 30 минути. Сварете го пудингот во млекотои засладете го по вкус. Оставете малку да излади.
Стасаното тесто развлечете го и вадете крофни. Едни остануваат цели, а од другите другите правете ги како прстен со помош на помала чаша.
Редете една цела крофна а врз неа една прстенеста. Во дупката ставете пудинг, а одозгора овошје. Јас ставив компот од кајсии.
Оставете ги вака да стасуваат, па по желба премачкајте ги со жолчка. Се печат на 200 степени колу 25 минути. Одозгора може да се наросат со шеќер во прав.