Фото и рецепт: Мирјана Бановиќ

Потребни состојки:

Свежо нане, колку можете повеќе наберете
7 литри вода
3 кг шеќер
1 лажица лимонска киселина

Постапка:

Се потопува нането во вода, колку можете повеќе. После 24 часови се процедува и се додава шеќер, малку лимонска киселина и добро се промешува за да се растопи шеќерот.

Сируп од нане (Фото и рецепт: Мирјана Бановиќ)

На 7 литри течност јас ставам 3 кг шеќер (може и повеќе) и една лажица лимонска киселина. Кога е готово се пие разредено со вода.

Сируп од нане (Фото и рецепт: Мирјана Бановиќ)

За пиење ставам повеќе сируп во чашата, бидејќи не е густ и овој сируп не го правам со многу шеќер. Останува мирисот и вкусот на билката.

Сокот се собира во стаклени шишиња кои добро се затвораат, а потоа се ставаат во рерна, прво на 70 степени, па кога малку ќе се загреат на 100 степени околу 2 часа, а потоа ја исклучувам рерната и така ги оставам додека целосно да изладат шишињата.

Сируп од нане (Фото и рецепт: Мирјана Бановиќ)

Сируп од нане (Фото и рецепт: Мирјана Бановиќ)