Многу вкусно јадење, се топи во уста.
Потребни состојки: 1 кг тиквички, 500 мл млеко, 4 лажици путер, 3 лажици брашно
2 јајца, сол, црн пипер, мускантно оревче, 100-150 г кашкавал, 60-80 г пармезан и околу 12 готови коризи за лазањи
Постапка: Од брашното, путерот и млекото направете бешамел. Кога ќе згусне тргнете го на страна сосот да излади, а потоа во него промешајте едно по едно јајце и зачинете со мускантно оревче, сол, црн пипер, а на крај додадете рендан кашкавал (гауда).
На дното од огноотпорен сад наредете кори за лазањи (обично претходно малку ги варам а сега не го сторив тоа и супер излегоа, побрзо и поедноставно), па преку корите наредете тиквички тенко исечени на тркалца или ленти (или изрендани, не треба да ги солите), па одозгора нарендајте малку пармезан.
Прелијте со малку бешамел сос и продолжете на истиот начин додека да ви се потрошат намирниците. Оставете барем 1 час да отстои пред печење (за да можат корите да го впијат бешамел сосот и сокот од тиквичките.
Завршниот слој оставете да биде кори од лазањи, бешамел и пармезан.
Ставете да се пече околу 45 минути на 180 степени. Оставете 10-тина минути да излади малку пред сечењето. Послужете топло (а вкусно е и кога ќе излади).