Овој рецепт ми го препорача пријателка. Таа вели дека е проверен и дека одлично ги регулира триглицеридите и холестеролот. Не може да наштети, а може да помогне.
Потребни состојки:
2 лимони, доколку е можно да бидат непрскани
50 см гранче рузмарин
6 лажици шеќер
2 литри вода
Постапка:
Доколку имате непрскан лимон, би било одлично, но доколку немате, купечкиот добро измијте го и оставете го некое време да кисне во раствор од сода бикарбона, бидејќи во рецептот е потребна и кората.
Откако ќе го истретирате лимонот, сомелете го на машина за мелење месо или во блендер. По можност претходно извадете ги семките.
Кога ќе прочитате во некој рецепт “гранче-две” рузмарин, вие всушност не ја знаете точната количина. Но, мојата пријателка ми објасни дека сепак, потребно е точно да се знае должината на гранчето, а тоа е 50 см. Може да бидат неколку помали врвови, но нивната вкупна должина да биде 50 см.
Сомелениот лимон и рузмаринот ставете ги во сад и налијте ги со 2 литри вода. Додадете шеќер и гответе додека водата да испари за половина.
Тргнете на страна и почекајте да излади. Потоа процедете и лекот складирајте го во стаклена тегла или шише.
Чувајте во фрижидер и секое утро штом станете од спиење испијте по една мала ракиена чашка.
Иако мирисот додека се готви лекот е многу интензивен, вкусот е всушност благ и нема да имате чувство дека пиете некој непријатен лек, напротив. Може да се испијат до три дози, но во зависност од тегобите, кај некои луѓе резултатите се подобруваат и нормализираат веднаш, уште по испивање на првата доза.