Вежбата „Златен петел кој стои на една нога“ е многу популарна во медицината која се применува на Истокот, со која се спречуваат сериозни заболувања.
Кога се развива болест, експертите на традиционалната кинеска медицина веруваат дека станува збор за нарушена рамнотежа помеѓу елементите јин и јанг, односно дека е изгубена хармоничната врска помеѓу внатрешните органи.
Ова не е многу едноставно за разбирање, особено бидејќи ние сме растени со Западната медицина и не поседуваме знаења за кинеската медицина.
Меѓу другото, кинеската медицина поседува еден едноставен и навистина ефикасен начин за враќање на рамнотежата во организмот и спречување на болести, а тоа е вежбата „Златен петел кој стои на една нога“.
Изведувањето на оваа вежба помага да се концентрирате доколку сте расеани. Крвта се спушта во пределот на долните екстремитети, што има позитивен ефект кај хипертонија, дијабетес, остеопороза, радикулитис, кај симптоми на атрофија на церебелум и други заболувања.
Оваа вежба исто така, е ефикасна кај главоболки, вртоглавици, зуење во уши, губиток на рамнотежа. Редовното изведување на оваа вежба има многу позитивен ефект кај луѓе кои имаат проблем со студени екстремитети, односно слаба циркулација.
Овој метод, според кинеската медицина, ја лекува причината на болеста, го јакне имунолошкиот систем, ја зголемува самодовербата и ја враќа емоционалната рамнотежа.
КАКО СЕ ИЗВЕДУВА ВЕЖБАТА ЗЛАТЕН ПЕТЕЛ
Затворете ги очите, рацете слободно спуштете ги долж телото, подигнете ја едната нога свиткана во коленото (или со стапалото потпрете се на другата нога) и стојте во оваа положба неколку минути.
Неопходен услов: не смеете да ги отворате очите. Во овој случај видот не ви помага за одржување на рамнотежата, а со тоа мозокот се мобилизира и учествува во воспоставување на рамнотежа и балас во внатрешните органи, со цел – задржување на вкупната рамнотежа на телото.
Ако одлучите да ја спроведувате вежбата, започнете прво со неколку секунди за секоја нога, па полека зголемувајте го времето на стоење до неколку минути. Вежбата не е тешка и можете да ја изведувате секое утро после будење.
Оваа вежба не само што помага во спречување на сериозни заболувања, туку исто така, има позитивен ефект врз постоечките заболувања.