Кралска погача која освојува и со вкус и со изглед! Се става фил од блитва, сирење и ајвар – превкусна!

Многу е вкусна погачата, во слоеви, може да ја приготвите за ручек, за гости, а многу е декоративна и за слави и родендени.

Потребни состојки:

1 кг брашно
250 мл млеко
250 мл вода
1 коцка квасец
1 лажица шеќер
2 лажички сол
50 мл масло
1 лажица оцет
2 јајца

Фил со сирење:

150 г дробено сирење
2 јајца
150 г шунка

Фил со блитва:

1 јајце
150 г дробено сирење
150-200 г блитва (свежо исечкана)

Фил со ајвар: 3-4 лажици

За премачкување на корите: 150 г путер/маргарин
За премачкување на целата погача: 2-3 лажици кисела павлака, 1 јајце, 2-3 лажици сусам

Постапка:

Растворете го квасецот во млака вода со шеќер и малку брашно, па оставете 10-тина минути да се активира. Потоа од останатите состојки замесете мазно тесто. Оставете го 15 минути да одмори, а потоа поделете го на 11 топчиња.

Секое топче развлечете го во кора со величина на поголема чинија и одозгора нарендајте путер или премачкајте го со растопен путер, па поклопете го со друга кора.

Вака споени по две кори заедно добивате 4 и само една кора (петатта) со по три и таа кора оди прва во плехот.

Убаво измиената блитва исечкајте ја свежа без да ја обарувате, ставете едно јајце и малку сирење, посолете по потреба и сето заедно измешајте го.

Првата развлечена кора (со три топчиња) ставете ја во плехот и одозгора распоредете половина од филот со блитва. Потоа развлечете ја втората кора (со две топчиња), па ставете фил од сирење и две јајца, а одозгора наредете ленти шунка.

Потоа ставете ја третата кора која се премачкува со 3 лажици ајвар. Потоа се става уште една кора преку која се става вториот дел од блитвата. На крај се става петатта кора.

Целата погача се сече во коцки, се премачкува со 2-3 лажици кисела павлака и едно јајце, а по желба се наросува со сусам и веднаш се става на печење.

Погачата се пече 40 минути на 200 степени. Прво се пече 20 минути, а потоа уште 20 минути но покриена со хартија за печење (печењето многу зависи од рерната). Величината на плехот е 34х22 см.

Претходна статијаКога организмот бара помош од вас: 10 важни знаци
Следна статијаКинеска медицина: Кога ќе застанете на една нога – спречувате развој на сериозни болести