Многу вкусен колач кој не одзема многу време, а излегува како да е од првокласните слаткарници.
Потребни состојки:
200 г презла
1 литар млеко
16 лажици шеќер
13 лажици гриз
70 г путер/маргарин
1 јајце
за фил:
околу 1 кг сливи
3 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
2 лажици џем од сливи
Постапка:
На масло пропржете ја презлата со 4 лажици шеќер и оставете да излади.
Млекото сварете го, па во него додадете го гризот измешан со шеќер и малку млеко.
Варете додека филот да добри густина, со постојано мешање. Потоа додадете го путерот и тргнете од оган.
Додадете и едно изматено јајце. Сето добро изматете го со миксер за да се соединат состојките.
Сливите измијте ги и исчистете ги од семки, па исечете ги на четвртинки. Додадете им 3 лажици шеќер, ванилин шеќер и кратко издинстајте ги. Додадете џем од сливи, па тргнете од оган.
Плехот намастете го и на дното убаво распоредете половина од презлата. Врз презлата излејте половина од смесата со гризот. Врз гризот ставете фил со сливи. Преку филот ставете ја втората половина од смесата со гриз, а врз гризот втората половина од презлата.
Добро изладете, сечете на коцки и послужете!