Фото и рецепт: Елисавета Георгијовска
Потребни состојки:
1-2 пилешки копани варени
1 морков рендан на најситно
1/2 пакетче сув мешан зеленчук, а може и свеж врзоп
магдонос
фиде, вегета, сол и вода
Постапка за готвење:
Во тенџере се става малку масло на дното и се додаваат ренданите моркови да се пропржат да добијат портокалова боја, но да се внимава да не изгорат, потоа се додава ладна вода и водата што се вареше месото (јас ја цедам со цедалка).
Се додава сувиот зеленчук и месото од копаните исчистено и исечкано на ситно и се вари. При крај кога е варено се додава фидето (по желба колку сакаш да е густо).
Продолжува да вари, кога е варено се додаваат зачините и сечканиот магдонос.
Кога е варено се трга настрана, може така да се служи, а може да се додаде кога ќе поизлади 1 избиено јајце во кое се додава 1-2 лажици павлака и со мешање постепено се додава во супата, доаѓа како крем супа.
Ако нема павлака во јајцето се става 1 лажица киселина и се меша на ист начин како и со павлаката.
Домашна супа (Фото и рецепт: Елисавета Георгијовска)