„Кој неизречената радост од Небесато на ПРЕЧИСТАТА ДЕВА и донесе радост, исполни го со радост и веселба, моето срце од гордост и преогорчено.

О, ВЕЛИКИ АРХАНГЕЛЕ, ТИ СИ БЛАГОВЕСТИТЕЛ на ПРЕСВЕТАТА ДЕВА МАРИЈА за зачнувањето на БОЖЈИОТ СИН.”

Овој голем Божји Архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение.

Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој Архангел во една ќелија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“.

Заради овој настан таа ќелија и денес се нарекува ќелијата „Достојно ест“. Во оваа прилика се приспомнуваат и останатите јавувања на Архангелот Гавриил:

-кога му се јави на Мојсеја кој во свое време го чуваше стадото Јоторово, а нему Архангелот како на Божји избраник му соопшти како е создаден светот, кое Мојсеј подоцна и го запиша во Книгата Битие;

-кога му се јави на пророкот Даниил и му ја објави тајната за идните царства и за доаѓањето на Спасителот;

-јавувањето на света Ана кога ѝ благовестеше со ветувањето дека ќе ја роди преблагословената и Пречиста Дева Марија;

-многукратното јавување на Пресветата Дева додека Таа пребиваше во храмот ерусалимски;

-кога му се јави на првосвештеникот Захарија и го извести за раѓањето на свети Јован Претеча и за казната на немост што ќе го постигне свети Захарија затоа што не им поверува на зборовите на Архангелот;

-кога повторно ѝ се јави на Пресветата Дева во Назарет и ѝ благовестеше за зачнувањето и раѓањето на Господ Исус Христос;

-јавувањето на праведниот Јосиф; јавувањето на пастирите кај Витлеем;

-Му се јави и на Самиот Господ во Гетсиманската градина, кога Господ како човек беше поткрепуван од овој Архангел пред страдањето;

-кога им се јави на жените Мироносици итн.

СОБИР НА СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ
СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ
ТРОПАР

На Свети Архангел Гаврил
ГЛАС 4ти

Водачу на небесните војски, ние недостојните секогаш ТЕ молиме, со твоите молитви, да не оградиш под кровот на крилјата на Твојата Слава бестелесна, пазејќи нè нас, кои грижливо Ти се поклонуваме и повикуваме, од неволји избави не, како НАЧАЛНИК на вишните сили.