Брзо, едноставно и вкусно.

Потребни состојки:

250 г путер или маргарин
150 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 прстофат сол
4 јајца
500 г меко брашно
1 лажичка прашок за печиво
370 мл млеко
2-3 лажици мед
За наросување: шеќер во прав

Постапка:

Путерот пенасто изматете го со миксер. Додадете шеќер, ванилин шеќер и сол, па мешајте додека добиете еднолична смеса.
Додавајте едно по едно јајце.

Брашното помешајте го со прашок за печиво и наизменично со млекото дел по дел вмешувајте ги на средна брзина.
На крај додадете мед.

Тостерот за вафли добро загрејте го и премачкајте го со масло.

Неколку лажици од тестото излејте во направата за печење вафли и печете ги додека да добијат златнокафеава боја.

Секоја вафла после печењето треба да излади на решетка а потоа да се нароси со шеќер во прав.

Вафлите може да се послужат со разни компоти.