Оваа чудотворна маст се користи кај бројни воспалителни состојби, инфекции, цисти, чиреви, сраснат нокт, цистични акни, убоди од инсекти, темни дамки…

Оправдано го носи називот црн мевлем, бидејќи има силна моќ да извлекува нечистотија, отрови, гној и страни тела како трн, стакло, боцки и слично.

Иако мевлемот има црна боја, многу лесно се испира и не остава траги на кожата. Безбеден е за користење и кај деца, бидејќи целосно е природен. Единствена мана на овој мевлем е тоа што бара повеќе време за негово приготвување, добра желба и состојки, но на крав навистина се исплати.

Пред приготвување на црниот мевлем, посетете Билна аптека и купете ги потребните состојки. Доколку во моментот немаат мацерат од потребните билки, набавете ги билките, па сами направете го мацератот.

Мацератот кој е потребен делува антивоспалително, антибактериски и го забрзува лекувањето. Објаснувањето за тоа како се приготвува мацератот ќе го прочитате подолу. Треба да знаете и тоа дека при приготвување намевлемот не се користи метална лажица.

Потребни состојки: 3 лажици мацерат од гавез, невен и тегавец*, 2 лажички шеа путер (овозможува подобра апсорпција на мевлемот. Ако немате, може било кој природен путер), 2 лажици кокосово масло, 2 лажици пчелин восок (од произведувачи на мед)

Потоа, 1 лажичка масло Е витамин (од аптека), 2 лажици активен јаглен во прав (од аптека, служи за извлекување на токсините), 2 лажици каолин глина (или било која лековита глина која има во вашата аптека за надворешна употреба, служи за извлекување на отровите)

1 лажица природен мед и 20 капки етерично масло од лаванда (овозможува регенерација и намалување на болката-од аптека).

Постапка: 1.Најпрво пригответе го мацератот. Потребни ви се по една лажица од трите билки, иситнети во прав и половина шолја (100 мл) маслиново масло. Мацератот можете да го приготвите на 2 начини.

I: Во стаклена тегла го мешате маслото со билките и ја оставате затворена да отстои на топло, под сенка, 4 седмици, по што се процедува маслото.

II: Се загрева маслото со билките во сад со двојно дно (или на пареа) на најтивко, околу еден час додека да потемни и добие силен мирис, а потоа се процедува.

2.Помешајте го мацератот, путерот, кокосовото масло, восокот, витаминот Е и медот во стаклена тегла која претходно сте ја ставиле во сад со вода. 3.Загрејте ја водата до вриење и внимателно мешајте ги состојките со неметална лажица, додека да се растопат.

4.Тргнете од оган и додадете го активниот јаглен, глината и етеричното масло од лаванда, па повторно добро промешајте. 5.Веднаш излејте го мевлемот во помали стаклени теглички или лименки и оставете да се стврдне.

6.Чувајте го мевлемот добро затворен и користете го за наведените проблеми.

КАКО СЕ КОРИСТИ ЦРНИОТ МЕВЛЕМ?

Пред нанесување потребно е добро да се исчисти кожата. Ставете обилна количина од маста врз раната или чирот, па покријте со зага или завој.

Облогата оставете ја барем неколку часови за да може да ја извлече инфекцијата или несаканиот предмет. Ако станува збор за парче стакло во кожата, понекогаш се потребни два дена за целосно извлекување.