Може да замени и ручек, многу вкусно, а брзо и едноставно се приготвува. Многу добро предјадење, за сите пригоди!
Потребни состојки:
500 г печурки
400 г шунка
3 парчиња леб
1 главица кромид
200 г кашкавал
Магдонос, сув зачин (вегета), црн пипер
3 јајца
За прелив: јајца и павлака
И уште: готови кори
Постапка:
Испржете ги печурките со кромидот, додадете сечкана шунка на ленти или на коцки. Нека се динста со повремено промешување додека течноста што ја испуштиле печурките да испари. Потоа тргнете на страна да излади, па изрендајте кашкавал со количина по желба.
Додадете 3 јајца, натопени 2-3 парчиња леб од кои сте ја извадиле корката (само средината). Зачинете со магдонос и зачини по желба.
Земете една кора (ако се тенки корите земете две) и наросете ја со масло. Одозгора покријте со друга кора и нансете од филот. Свиткајте во ролат, премачкајте одозгора со јајце изматено со малку павлака или јогурт. По желба можете да наросите сусам.
Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, додека да добие убава златна боја.
Напомена: филот по желба можете да го менувате.