Тридневен режим за рестартирање на целиот дигестивен систем. Овој третман му овозможува да се репарира, да ги поправи грешките, да закрепне и да се обнови. За да се направи третманот, мора по ред да се следат чекорите на режимот.

Пред да започнете, околу 48 часа не смее да се консумира никаков млечен производ. Значи, заборавете на млеко, јогурт, кисела павлака, слатка павлака во колачи, сладоледи, кашкавал, сирење, урда… внимавајте на исхраната два дена и на она што го консумирате – не смее да содржи млеко и продукти на млекото!

Оваа рестрикција на млечна храна е потребна затоа што таа најспоро се дигестира и најдолго се задржува во дигестивниот тракт. Доколку јадете некој млечен производ изминатите два дена, тоа ќе претставува пречка за потребното чистење.

Оброците појадок и ручек треба да бидат лесни, односно да не содржат масна храна која е тешко сварлива. Најдобро е да консумирате свежо овошје и варен зеленчук на пареа. Вечерата се прескокнува.

ПРВИОТ ДЕН: Во утринските часови направете лимонов сок од два лимона и половина чаша вода. Оваа течност (сок од два лимона и 100 мл вода) треба да се испие пред појадок.

Потоа, следниот чекор е сок од ананас или сок од цитрон (100 мл свежо исцеден сок) да се испие во текот на појадокот.

Во периодот помеѓу појадокот и ручекот исцедете сок од морков на некој добар соковник. Сокот од морков пијте го секогаш свежо исцеден (може малку разладен со некоја коцка мраз). Испијте 1-2 чаши сок од морков.

Потоа, на крај, пред спиење испијте 1,5 чаша (300-350 мл) органски сок од брусница.

Овој процес трае 3 дена. Резултатите се фантастични!

Не само што ќе ги изгубите вишок килограми и ќе изгледате многу поубаво, ќе се чуствувате полетно и полни со енергија. Вашата кожа ќе блезне и ќе исчезнат сите неправилности. Косата исто така ќе добие на бујност и сјај. Телото ќе ви стане повитко и поенергично. Ќе се подмладите за десет години – а потребни се само три дена.