Ги отстранува брзо и ефикасно: затоа го нарекуваат “Уништувач на габични ингекции”
Габичките на ноктите се многу упорни и тешко се лекуваат. Инфекцијата започнува како бела или жлта дамка под ноктите.
Како што се шири подлабоко инфекцијата навлегува длабоко во ноктот, па може да предизвика задебелување, дисколорација и пукање на ноктот – естетски непривлечен и потенцијално болен проблем.
Ноктите потемнуваат, без сјај и многу кршливи или се листаат и стануваат испрекинати и добиваат непријатен мирис. За лекување на габичната инфекција може да се користи природен препарат како што е ова масло.
Древните луѓе уште одамна го користеле ориганото за зараснување на раните. Карвакрол и Тиамолот се моќни состојки кои можат да се најдат во оригановото масло. Овие две состојки имаат силни антимикробни и антигабични својства.
Маслото од оригано е толку силно што може да предизвика иритација на кожата доколку се нанесе неразредено. Најдобро е да се раствори во друго масло наместо во вода.
Едноставно помешајте две капки масло од оригано во лажица маслиново масло. Потоа оваа мешавина нанесете ја на погодените нокти, двапати дневно додека инфекцијата да исчезне.
Истото можете да го направите и со целите стапала доколку не можете да се ослободите од непријатниот мирис.