Без хемикалии, вкусна зимница полна со витамин Ц!

Потребни состојки:

2 кг домати (може зелени, розови или црвени)
2 кг пиперки
2 кг карфиол
2 кг моркови
2 кг краставици

За солило:

Сол – малку повеќе отколку по вкус
Вода – колку може да собере во полн сад со зеленчук

Постапка:

Зеленчукот убаво измијте го. Пиперките со нож малку засечете ги на самиот врв. Доматите избоцкајте ги на 2-3 места. Краевите на краставиците исечете ги. Карфиолот поделете го на крупни цветчиња. Морковот излупете го и краевите малку засечете ги.

Во еден сад ставете најлон кеса, така што краевите малку да излегуваат од садот.

Редете го зеленчукот: ред краставици, моркови, пиперки, домати и карфиол. Повторете го редењето додека да ги потрошите состојките.

Садот наполнете го со вода. Потоа водата истурете ја во друг сад и додадете морска сол така што солилото да биде малку посолено од вообичаено.

Добро промешајте за солта да се растопи. Не е неопходно солилото да се вари.

Солилото се враќа во садот со зеленчукот. При киселењето зеленчукот ќе ја прими вишкот солта. Се остава на ладно за да се кисели.

Напомена: Со врзување на најлон кесата зеленчукот останува под солилото, па така не се создава бела површина над зеленчукот. Кога туршијата ќе се закисели и ќе почнете да ја трошите, така треба да го спуштате подолу нивото на врзување на кесата.

По потреба и желба количината на состојките можете да ја зголемите.