Едноставно се приготвуваат, декоративни се и многу вкусни!
Потребни состојки: 200 мл млака вода, 200 мл јогурт, 100 мл масло, 20 г свеж квасец, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол, брашно по потреба
За премачкување: 1 јајце, сусам
Постапка: Во еден сад ставете млака вода, раздробен квасец, шеќер и малку брашно. Убаво разматете да се растопат квасецот и шеќерот, па оставете да се активира и запени.
Потоа додадете јогурт на собна температура или малку замлачен, масло и сол. Брашното додавајте го постепено, па прво мешајте со маталка, а потоа со раце.
Замесете убаво тесто кое не лепи на раце, па оставете го покриено да стасува додека да го удвои волуменот.
Потоа тестото поделете го на топчиња.
Секое топче развлечете го во кора со овален облик, со должина од 28 см, а ширина 10 см. Вертикално исечете ленти, но не до крај (погледнете фото), па свиткајте во валјак.
Спиралните кифли редете ги во плех и оставете ги околу половина час уште еднаш да стасаат.
Потоа одозгора премачкајте ги со изматено јајце и наросете сусам. Печете ги на 220-250 степени додека да добијат убава златна боја.