Многу едноставно се приготвува. Секојпат кога го правам ме потсетува на тетка ми која ми го даде овој рецепт.
Потребни состојки: 1 јајце, 1 шолја од 200 мл шеќер, 1 шолја од 200 мл мелени ореви, 1 шолја од 200 мл млеко, 1 шолја од 200 мл брашно тип 550, 100 мл масло и ½ прашок за печиво
За крем: 2 пудинг од ванила, 6 лажици шеќер, 600 мл млеко, 200 г путер. За наросување: рендано чоколадо
Постапка: пригответе ги сите состојки за тесто: прво добро изматете ги јајцата и шеќерот, потоа додајте ги останатите состојки и соединете ги.
Смесата излејте ја во плех 35х20 см (намастен и набрашнет) па печете на 180 степени околу 30-35 минути во зависност од дебелината на бисквитот.
Додека е сè уште топла кората, испрскајте ја со рум.
Сварете го пудингот со млеко и шеќер, па оставете го на страна. Во изладениот пудинг додајте пенасто изматен путер. Сето убаво измиксајте го и со добиениот крем премачкајте ја кората. Одозгора врз кремот изрендајте чоколадо. Изладете пред послужување.