Многу вкусни и лесни за подготовка.
Потребни состојки:
130 г брашно
120 мл млеко
2 јајца
1 поголема тиквица (230 г)
20 г овесни снегулки
50 г фета сирење (издробено)
Сол, црн пипер
Масло за пржење
Постапка:
Млекото, јајцата и сирењето со жица добро измешајте ги за сето убаво да се промеша и соедини. Потоа додадете брашно и овесни снегулки, па уште еднаш промешајте до изедначување.
Тиквичките изрендајте ги на крупно ренде, па додадете ги во смесата, измешајте, зачинете со сол и црн пипер по вкус.
Во поголема тава загрејте масло (5 големи лажици) па пржете ги палачинките (помали, како пенкејкс) од двете страни за да добијат убава златно-кафеава боја.
Послужете ги топли, со кисело млеко се најдобри.