Се користи калап 28 или 26. Главните состојки за оваа торта се бисквити, овошен јогурт и овошје по вкус. Останатите состојки се по желба.

Потребни состојки: 700 г бисквити, 700 г овошен јогурт, 450 г малини, 1/2 лимон – сок, 100 г шеќер во прав (не мора, по вкус), 300 г шлаг крем и 350 мл газирана вода

Објаснување и постапка: Бисквитите се кршат ситно и се мешаат со овошниот јогурт додека да добиете компактна смеса. Во малините додадете малку лимонов сок, па промешајте ги заедно со бисквитите.

Добиената смеса се става во калап 28 и добро се израмнува. Се става во фрижидер да преноќи. Оставете ја тортата да преноќи за да омекнат бисквитите, а следниот ден додадете го шлагот кој се приготвува со миксање на шлаг креми со газирана вода.

Објаснување за состојките: 700 г бисквити (јас користев петит, а вие можете плазма или друг вид по ваша желба)

700 г овошен јогурт (јас користев 350 г од јагоди и 350 г од малини, а вие можете да користите од било кое друго овошје: капини, јагоди, вишни или микс од овошје.
Доколку овошјето пушта повеќе вода, тогаш намалете ја малку количината.

На 350 г може да додадете околу 100 г шеќер во прав или повеќе, но јас не ставив зошто сакав тортата да биде лесна и освежителна), 450 г свежи малини (малку се одвојува за декорација), 300 г шлаг крем (користев бел шлаг со вкус на ванила) и 300 г газирана ладна вода

Добивате лесна, освежителна торта која брзо и лесно се приготвува. Постапката можете да ја погледнете во видеото: