Фото и рецепт: Елена Мишковска

Потребни состојки:

700 г брашно
2 лажички сол
Вода на собна температура, по потреба

Постапка:

Брашното со 2 лажички сол и вода на собна температура се замесува во мазно, средно меко тесто. Се остава половина час да отстои, па се дели тестото на два дела.

Комат со блитва (фото и рецепт: Елена Мишковска)

Од првиот дел се прават 12 топчиња за долната кора, а од вториот дел се прават 16 топчиња за горната кора.

Топчињата се расукуваат во величина на чинија, се премачкуваат со путер и се редат едно врз друго. Последните не се мачкаат.

Комат со блитва (фото и рецепт: Елена Мишковска)

Од првото се развлекува кора во величина на тепсијата, се наросува со приготвената блитва. Се развлекува втората кора, се става врз наредената блитва, се сече на коцки, а врз секое парче се става по половина лажичка путер / маргарин и се става на печење.

Комат со блитва (фото и рецепт: Елена Мишковска)

БЛИТВАТА се мие, се вадат големите и тврди делови од листот во средината, се попарува со врела вода и се остава да отстои 10-тина минути. Потоа се процедува, се посолува и се додава масло. Убаво се промешува.

Комат со блитва (фото и рецепт: Елена Мишковска)

Фото и рецепт: Елена Мишковска