Овој рецепт ни го испрати нашата читателка Ирена Радевска.
Таа вели дека рецептот е испробан и им помогнал на многумина. Подобрување има за 3-4 дена, а кај надворешните хемороиди и целосно повлекување!
Потребни состојки, по 50 грама чаеви од:
-Ајдучка трева
-Коњско опавче
-Овчарска торбичка
-Невен
-Крушина
Постапка:
*По 50 грама суви билки, ако користите свежи билки дозата се удвојува. Билките можете да ги купите од Билна алтека.
Сите билки се ставаат во хартиена кеса и се мешаат со дрвена лажица за да добиете изедначена мешавина.
Две супени лажици од мешавината се преливаат со 700 мл вода и се варат 20 минути на умерен оган.
Потоа чајот се процедува и се дели на 3 дела, во три шолји, кои се пијат 30 минути пред јадење, трипати на ден.
Една шолја пред појадок, втората пред ручек, а третата пред вечера или два часа пред спиење.
Терапијата трае 5 до 7 дена.
Вреди да се проба!
Коментар на Јадранка Заовска:
”Odlicen post, eve drug recept za hemoroidi se pravi tinktura so 70%spirt I salinsoga parviflora, odlicen za hemoroidi, bolki vo debeloto crevo, bolki vo muskulite, : probajte uverete se…..”