Името на лавандата потекнува од латинскиот збор lavare што значи капење, миење, односно прочистување. Ова е билка со темновиолетови цветови и се чини дека е создадена за исцелување на духот и телото.

Лавандата помага при лекување на болки затоа што нејзиниот благ мирис смирува, релаксира, ја отстранува напнатоста, се користи против гасови и надуеност како и за обновување на ткивото.

Благотворно делува на желудникот, поттикнува излачување на мокрача и го нормализира менструалниот циклус, се користи против аритмии на срцето, грчеви во цревата и мигрена.

Добро е да се користи против кожни заболувања затоа што дава одлични резултати во лекувањето на акни, дерматитис, масна кожа, екцеми и псоријаза.

Лавандата е силен антисептик па од неа се подготвуваат облози за опекотини и рани затоа што го поттикнува обновувањето на ткивото.

Исушените цветови од лаванда се користат за правење чај, етерично масло, билни капки за инхалација и бањи, балсами и мевлеми.

МАСЛО ОД ЛАВАНДА ЗА МАСИРАЊЕ

Цветовите од лаванда ги редите во стаклена тегла и ги преливате со ладно цедено сончогледово или маслиново масло. Теглата ја затворате и ја оставате на топло и сончево место да отстои 21 ден. Потоа, смесата ја цедите низ цедалка.

За масирање: на секои 50 мл масло додавате 12 капки масло од евкалиптус. Маслото го складирате во темни, стаклени шишиња.

Употреба: делува смирувачки при главоболки, неуроза, замор, несоница или депресија, за масирање и при рани на кожата.

За лекување реума и болки во зглобовите: на 250 мл масло од лаванда се додаваат 20 г кристали од камфор.

ЛЕКОВИТ НАПИТОК ОД ЛАВАНДА-ЗА СМИРУВАЊЕ И ОПУШТАЊЕ

За 4 лица:
1 литар вода
5 лажички суви цветови од лаванда
4 лажички цветен мед

Цветовите од лаванда се преливаат со врела вода, да отстојат 2-3 минути. Се процедува и се засладува со мед.

ЧАЈ ОД ЛАВАНДА ПРОТИВ ГАСОВИ И НАДУЕНОСТ

1 лажичка лаванда се прелива со 200 мл врела вода, да отстои 5 минути. Се процедува и се пие двапати во денот.

ТИНКТУРА ОД ЛАВАНДА ПРОТИВ УБОДИ ОД ИНСЕКТИ

35 грама суви цветови од лаванда
100 мл 70% алкохол

Промешајте и оставете затворено да отстои 2-3 недели на топло. Секојдневно промешувајте.
Се користи при реума, јадежи на кожата и убоди од инсекти. Рок на траење: 1 година.

БАЛЗАМ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ПСОРИЈАЗА, ДЕРМАТИТИС

100 мл масло од лаванда
100 мл масло од чичок (корен)
100 мл масло од невен
30 г пчелин восок
20-30 капки масло од витамин Е

Восокот и маслата се загреваат на пареа со постојано мешање додека да се растопи восокот. Се додава витаминот Е, убаво се промешува па се складира во соодветни садови. Се чува на суво и студено место.